Јункер: Нема простор за преразгледување на договорот со Лондон

100
ФОТО: EPA-EFE / STEPHANIE-LECOCQ

Не постои веќе можност за преразгледување на договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, изјави денеска пред Европарламентот во Стразбур претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.

Тој истакна дека е изненаден од последните случувањата, а тоа се најавите на британската премиерка Тереза Меј дека ќе се обиде да ги предоговори условите.

– На крајот од минатиот месец постигнавме договор со британската Влада. До вечер ќе разговарам со премиерката Меј – нагласи Јункер.

Тој изјави дека постигнатиот договор е најдобриот и единствено можен.

– Нема простор за предоговарање, единствено постои можност за појаснување и толкување, но без преразгледување на текстот. Тоа треба да им биде јасно на сите – додаде претседателот на ЕК.

Фото: EPA-EFE-STEPHANIE-LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...