Покрај сведоците на началникот на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски Леви, меѓу кои е и поранешниот собраниски спикер, за денеска повикан да сведочи е и сведокот на обвинетиот Абдулфета Алими, лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.
Села на 27 април беше крвнички претепан, за неговите напаѓачи се водеше судски процес за обид за убиство и тие добија затворски казни од 10 до 13,5 години затвор.
Во тој процес сведочеше токму Абдулфета Алими кој важи како еден од луѓето кои го спасиле Села.
Во обвинението за 27 април, пак, Алими е обвинет затоа што тој дента на 27 април бил задолжен за главните врати во Собранието, а ги чувал и клучевите.