Протест на вработените на клиниките поради поскапиот паркинг

300

Вработените во Кампус клиники ,,Мајка Тереза – Скопје денеска од 10.00 до 10.30 часот, за време на паузата, ќе одржат протест во врска со одлуката на Советот на град Скопје за покачување на месечните карти за паркинг просторот – информира  Синдикатот на Клинички центар.

Од Извршниот одбор на овој Синдикат вчера предупредија дека покачувањето на паркинг местото во клиниките за 500,00 денари месечно, со кое истото ќе изнесува 850,00 денари месечно, најмногу ќе ги погоди вработените од социјално најранливата категорија, чија бруто плата изнесува 17,883.00 денари, односно 12,503.00 денари нето плата.

– На овој начин, оваа социјално најранлива категорија вработени треба приближно еден месец во годината да работи за да го плати паркинг местото на своето возило за време на извршување на своите работни обврски – нагласија од Синдикатот на Клинички центар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...