Крводарителска акција во Карпош: Капка крв за нечиј живот

161

Во Општинската организација на Црвениот крст „Карпош“ денеска се одржа 38-та по ред крводарителна акција во која учествуваа околу 50  доброволци во дарување на најскапоцената течност.

На хуманите крводарители им се придружи  и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, кој освен што самиот даруваше крв, на најопстојните крводарители им врачи пригодни плакети и благодарници за нивната несебичност и хуманост.

Во прусустви на претседателката на ОО Црвен Крст „Карпош“  и советничка во Советот на Општината Билјана Костова како и пратеникот Далибор Богдановски, кој се вброи меѓу денешните крводарители, градоначалникот Богоев им ги врачи пригодните признанија на Асани Ајриз, за 100-то дарување крв, на Драган Арсовски за 75-то дарување, како и на Денис Бошковски, Илија Михајловски и Мише Дулимагоски кои досега во 50 наврати ја дарувале скапоцената течност која спасува животи.

Овие „крводарителски ветерани“ добија и по една оригинално изработена слика од уметникот Живко Поповски – Цветин, кој воедно е и првиот претседател на Црвениот крст на Република Македонија од осамостојувањето на државата.

 

ОПШТИНА КАРПОШ

Одделение за односи со јавност

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...