Еј, ајде да пробаме да правиме сирење

Вака некако се зачнала идејата за почнување на семеен бизнис за производство на домашно сирење во семејството Поповски од село Дихово, кај Битола. Од тогаш поминале десетина години, а тие, иако се соочуваат со многу проблеми, прават првокласни сирење, биено сирење, урда и кашкавал.

906

Со Игор Поповски зборувавме откако на вчерашната дегустација во рамки на конференцијата „Биодиверзитет на млекото“ во Скопје, ги пробавме неговите производи.
Мммм, што е ова, наше е? Тоа е познатото прашање кое го изговараме, сѐ уште со изнанадување, секогаш кога ќе вкусиме некое добро сирење.
Изгледа како уште да немаме доволно доверба во нашите производители, во тоа дека тие можат и знааат како да направат добри сирења кои конечно и не личат на некои други светски познати сирења, туку имаат свој автентичен вкус својствен само за овие краишта. Впрочем, тоа е и целта на организацијата Слоу фуд, да се заштити производството и промоцијата на земјоделски производи со специфични карактеристики кои можат значително да придонесат во развојот на руралната економија, но и за заштита на биодиверзитетот, природните ресурси и локалното искуство.
А на светските пазари, па во последно време и кај нас, потрошувачите сѐ повеќе бараат токму такви автентични квалитетни производи со специфично потекло.
Такви се и овие, на Игор Поповски од Дихово. А Дихово е веќе познато како место кое покажа дека и селата можат да живеат и дека и таму има работа, ако некој сака да работи.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...