Момчето на Ники Минаж е криминалец, фановите не се среќни

330
ФОТО: Инстаграм

Се чини дека Ники Минаж ги потврди гласините дека се гледа со Кенет Пети. Според „ТМЗ“ тој се обидел да силува девојка во 1996 година (кога двајцата имале 16 години) и неколку години откако бил ослободен, бил обвинет за убиство без предумисла.

Пети одлежал четири години поради тоа што се обидел да ја натера девојката на секс со остар предмет. Потоа тој одлежал уште седум години затвор за убиството и бил ослободен во 2013.

Не е јасно како тој и раперката се запознале, пренесува „Космополитан“.

Ники Минаж ја исклучила опцијата за коментирање на нејзиниот Инстаграм, бидејќи фанови ја нападнале на социјалните мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...