Меси си купи авион

359

Еден од најдобрите фудбалери на светот, асот на Барселона, Лионел Меси одлучи да се почести со скап подарок, приватен авион.

Со овој потег скромниот Меси ги изненади семејството и пријателите. Капитенот на Аргентина е познат како семеен човек кој не троши многу пари на скапи работи. Но, сега десетката на Барселона реши да одвои средства за приватен авион вреден 15 милиони долари.

Меси иако не сака многу да се експонира со своето богатство и не сакал воопшто јавноста да дознае за овој негов потег, сепак на социјалните мрежи се појавија фотографии од авионот.

Тие покажуваат дека приватниот авион на Меси е дизајниран според вкусот на неговото семејство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...