Кацарска го ослободи Вељановски, ќе сведочи утре

702
Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски нема да сведочи денес за настаните од 27 април. Тој е сведок на обвинетиот Горан Ѓошевски Леви кој беше началник на неговото лично обезбедување, а покрај него Леви има уште двајца други сведоци.
Бидејќи едниот од нив не се појави денеска туку ќе дојде да сведочи утре, судијката Добрила Кацарска рече и останатите двајца сведоци на Леви да се ослободат за денеска и да дојдат утре за во еден ден да се сослушаат сите кои се по предлог на овој обвинет.
Во продолжение на денешното рочиште ќе се сослушаат уште сведоци кои се по предлог на обвинетиот Душко Лазаров. Денешто рочиште започна со доцнење од час и половина бидејќи имаше технички проблеми во судската зграда откако се вклучи алармот за пожар.
Откако започна судењето, сведочеше еден член обезбедувањето на Митко Чавков, за чиј што исказ веќе информиравме. И вториот негов сведок беше од редовите на обезбедувањето, Вангел Закончев, кој на 27 април бил шофер во мерцедесот во кој се возел Чавков.
Тој ја раскажа истата верзија за рутата по која се движел Чавков, а која претходно ја кажа и другиот сведок, исто така, член на обезбедувањето. Тој кажа дека утрото на 27 април го земале Чавков од дома, биле во МВР, потоа го носеле на стоматолог, биле во Сити мол, а потоа во Скара бар. Околу 18 часот го однеле во канцелариите кои Чавков ги користел во Технометал Вардар, а околу 20 часот во штабот на МВР кој се наиѓал во новата зграда на граничната полиција. Околу полноќ го однеле во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а оттаму во станот каде Чавков живее.
Покрај адвокатот на обвинетиот Чавков, прашања и за вториот сведок имаше Александар Василевски Нинџа кој меѓу другото го праша дали може од подрумските простории на зградата Технометал Вардар каде Чавков користел канцеларии со лифт да се излезе на плоштадот ВМРО. Сведокот рече дека има лифт, но не знае дека со тој миг може да се излезе таму.
И судикјата Кацарака го прашуваше сведокот, најмногу за тоа кој видел во штабот на МВР каде сведокот кажа дека Чавков давал команди. Шоферот одговори дека стоел надвор покрај прозорецот и ги видел Горан Ѓорѓиевски и Митко Пешов на кој Чавков им давал наредби, како и тогашниот министер Агим Нухиу, а за другите рече дека не ги познава сите и оти не ги видел бидејќи не стоеле покрај прозорецот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...