Министерството за здравство експресно префрли средства за специјализантите

146

По првпат од годинава обезбедени се средства за вложениот труд на приватните специјализанти и тие се префрлени на Универзитетската клиника за стоматологија – соопштија од Министерството за здравство и тоа само неколку часа откако специјализантите стоматолози јавно потсетија дека од септември не го добиле ветениот надомест.

– Процедурата за согласноста за вработување со договор на дело, преку кој ќе се исплаќаат приватните специјализанти е завршена во Министерството за здравство и во законски определениот рок, Министерството за финансии ги одобри согласностите. Приватните специјализанти по стоматологија ќе бидат целосно исплатени ретроградно за нивниот вложен труд. Напоменуваме, за приватните специјализанти предвиден е буџет и за наредната 2019 година, односно ќе бидат исплаќани и следната година – се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...