Малопродажните цени на бензините од полноќ се намалуваат за 1,50, а на дизел горивата за 2,50 денари по литар. Вака одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 61,50 денари за литар, а на „еуросупер БС-98“ ќе биде 63,50 денари за литар.
Литар „еуродизел (Д-Е V), апк, ќе се продава за 58,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 47,00 денари.
Поевтинува и мазутот М-1 НС за 1,789 денари и еден килограм ќе се чини 30,037 денари