Приведен е гостиварец што ја претепал сопругата

116

Гостиварец осомничен за насилство врз сопругата е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Според СВР Тетово, 31-годишна гостиварка, вчера (9 декември), пријавила дека претходниот ден околу 20 часот и 30 минути во нивниот дом било извршено семејно насилство од нејзиниот 43-годишен сопруг. Таа во пријавата навела дека, подолго време била изложена на психичко и физичко малтретирање.

По пријавата насилниот сопруг е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...