Македонската метропола утрово во 8,30 часот повторно се најде на петото место по загаденост, Њу Делхи, Колката и Мумбај и главниот град на Пакистан, Лахоре, според страницата Airvisual.
Изминатава вечер пиковите во загадувањето на воздухот беа на мерните станици „Карпош“ и „Ректорат“, каде загадувањето со ПМ10 честички беше пет пати над максимално дозволената граница.
Освен во Скопје изминатава вечер загадено беше безмалку на сите мерни станици низ Македонија. Најзагадено изминатава ноќ беше во Струмица и Битола, додека само малку подобра беше ситуацијата во Кавадарци, Куманово, Тетово и Гостивар.