Ќе се зголемат квотата и буџетот за лекови

156
ФОТО: МИА

Фондот за здравствено осигурување на Македонија со цел да обезбеди доволно лекови за осигурениците одлучи да ги зголеми квотите за овој месец во износ од 15 милиони денари кои ќе бидат линеарно распределени по аптека, рече денеска на прес-конференција директорот на ФЗОМ Ден Дончев.

Осврнувајќи се на краткорочните мерки кои ќе бидат преземени, посочи дека вкупниот буџет за лекови за годинава ќе се зголеми во износ од 100 милиони денари годишно, ќе има ревизија на Правилникот и методологијата на распределба на финансиските средства – квотите и надоместоците на аптеките, нова поправична и поефикасна распределба на квотите на аптеките и поефикасен систем за нивни надоместоци.

Во долгорочните мерки што ги најави, рече дека се предвидува разгледување на можностите за воведување интегриран и ефикасен електронски систем преку вклучување на сите институции и здравствени установи и работници од здравствениот систем со воведување електронско здравствено досие по пациент.

– Достапноста на квалитетни лекови за сите осигуреници во Македонија е континуирана заложба на Фондот за здравствено осигурување – додаде Дончев.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...