Вклучен аларм во новата зграда на Кривичниот суд во Скопје го одложува почетокот на судските рочишта за 27 април и за Монструм.
Обвинетите во двата случаи, адвокатите, сведоците, обвинителите и истражителите од СЈО, полицајците и новинарите пред чекаат пред судската зграда за да влезат во судниците на закажаните рочишта.
За случајот Монструм тука се и лекари од Судска медицина и балистичарите кои денеска треба да сведочат, а за 27 април пред судот чека и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски кој е повикан како сведок од началникот на неговото обезбедување, Горан Ѓошевски Леви.
Покрај сведоците на Леви на денешното рочиште за крвавиот четврток треба да сведочат и двајца предложени од Митко Чавков и тројца на Душко Лазаров.