Таткото на Меган Маркл: На нејзината прва венчавка се делеше марихуана

1398

Таткото на Меган Маркл, Томас, повторно го наруши угледот на неговата ќерка во кралското семејството.

Тој се огласи во медиумите со цел да ги демантира вестите дека не присуствувал ниту на првата венчавка не неговата ќерка со филмскиот продуцент Тревор Енгелсон во 2011 година.

– Бев на венчавката на својата ќерка, но на фотографиите кои беа достапни за медиумите, мене ме немаше. Имаше млади луѓе, а јас не ни сакав да се сликам премногу – рекол Томас испраќајки и фотографија од венчавката.

Новинарите го прашаа и дали на таа венчавка се консумирала марихуана, а тој им одговорил дека сите гости добиле ќесичка со марихуана затоа што тоа не е нелегално на Јамајка, туку е обичај.

– Јас не пушев марихуна, мислам дека тоа не го прави ниту ќерка ми. Мојата ќесичка ја дадов на некој од гостите – рекол Томас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...