Незаборавната семејна комедија „Сам дома“, која имаше неколку продолженија, и годинава традиционално се емитува на телевизиските канали во овој период од годината, пред католички Божиќ.
Главната улога на снаодливото дете Кевин, по актерот Меколи Калкин, го направи милионер уште на 12-годишна возраст. Тој денеска има 38-години, а во неговото последно гостување во шоуто на Елен Дисингер, откри дека за разлика од другите, тој и не сака многу да го гледа филмот, пренесува Usatoday.com.
– Поминаа повеќе од 15 години откако не сум го гледал филмот. Многу луѓе дури сакаат да го гледаат во мое друштво, а на мене тоа истовремено ми годи, но и многу ми е чудно. „Сам дома“ никогаш не можам да го гледам на ист начин како и другите, секогаш се присетувам на снимањето и на тоа како со Пепси во рака се криев зад креветот – признал Калкин.
Освен тоа што не го гледа филмот кој му донесе светска слава, актерот во шоуто признал и дека околу Божиќ ги избегнува луѓето и ретко излегува од дома. Наместо задоволство, улогата на детето Кевин, денес му предизвикува непријатност и проблеми.