На социјалните мрежи се појави барање кое осудените лица сместени во затворот во Идризово го испратиле до директорот. Тие најавуваат дводневен штрајк со глад бидејќи, како што наведуваат, и покрај сите барања до Владата и до премиерот досега не добиле одговор во врска со Законот за амнестија кој е во најава.
Бараат општа амнестија за сите кривични ела за кои дозволува Уставот, исто така, статусот на доживотно осудени да се промени во бројка во склад со европските закони.
Ако во наредните два дена не добијат позитивен одговор од Владата и телото за помирување во Собранието, тие најавуваат дека ќе продолжат со штрајкот, а нивните семејства мирно ќе протестираат пред владината зграда.