Каракачанов: Македонија со ваков менталитет не треба да влезе во НАТО

562
ФОТО: EPA/Borislav Troshev

Бугарскиот вицепремиер и лидер на тамошното ВМРО Красимир Каракачанов во неговото гостување во емисијата „Недела 150“ на националното радио изрази незадоволство од работата на бугарско-македонската комисија во однос на заедничкото историско наследство.

– За една и пол година, комисијата практично нема напредок. Од бугарска страна има желба да се прават компромиси, што според мене е недозволиво, а од македонска страна се „тресат“ – рече тој.

– На пример, наведува Каракачанов, тие тврдат дека цар Самуил војувал и против Бугарија.

Тој потенцира ека не жали што се потпишал договорот бидејќи тој бил чекор напред.

– Постојат многу јасни одредби во договорот за пријателство со Македонија, но во Скопје мора да престанат со фалсификување на историјата – смета бугарскиот вицепремиер.

Според него, во Скопје мора да се смени менталитетот бидејќи Македонија не треба да влезе во НАТО со ваков менталитет.

– Како лидер на ВМРО, човек и историчар и Бугарин имам право на свое мислење и ќе го бранам – додаде Каракачанов.

Тој на својот фејсбук профил ја коментираше изјавата на премиерот Зоран Заев дадена во Собранието на Република Македонија во која рече дека со Преспанскиот договор се потврдува постоењето на макадонскиот јазик и оти никој нема право тоа да го оспорува и му посочи дека „македонски јазик не постои и оти нема да дозволи тајно воведување на македонскиот јазик“. На ова македонското МНР излезе со реакција дека неговата изјава е извонредна прилика за сличен контра – одговор и создавање на врзан негативен круг што ќе не оддалечи едни од други и ќе создава непријателство, наместо пријателство.

ФОТО: EPA/Borislav Troshev

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...