Египетската полиција започнала истрага откако една данскa двојка се качила на Кеопсовата пирамида во Гиза, за потоа да се фотографираат голи во текот на сексуалниот однос на врвот на една од најголемите туристички атракции во земјата.
Министерот за културно наследство, Калед ал-Анани поднел кривична пријава против двојката, известил весникот „Ал-Ахрам“.
На видеоснимката може да се видат маж и жена како се качуваат на врвот на Големата пирамида, а на крајот има замрзната фотографија на која позираат голи додека водат љубов.
Не се знае дали двојката сè уште е во Египет.
Снимката која трае три минути e објавена на Јутуб и предизвика огорченост кај Египќаните.
„Скандал на врвот на пирамидата….Како само можеле да се качат? Сигурно ги подмитиле чуварите“, напишал еден корисник на Твитер.