Српската пејачка Јелена Карлеуша важи за жесток критичар на српската Влада, а тоа го покажа и вчеравечер со поддршка на протестите во Белград, кои ги организираше опозицијата под слоганот „Стоп за крвавите кошули“.
„БЕЛГРАД ВО МАСОВНИ ПРОТЕСТИ. Жал ми е што ова нема да го пренесе ниту еден медиум бидејќи на сила е апсолутна медиумска цензура. Среќа, попопуларна и последена сум од сите режимски пејачи заедно така да SORRY BITCHES… Зошто ми е слава ако како човек сум гомно? Го слушам моето срце“, напиша Карлеуша на Твитер.
Карлеуша не е единствената од јавните личности кои ги поддржаа протестите. Некои од нив дури и застанаа на чело на колоната предводена од лидерите на Сојузот за Србија. Меѓу нив беа и актерите Мирјана Карановиќ, Бранислав Трифуновиќ, Никола Којо, кошаркаршкиот тренер Душко Вујошевиќ и др.
BEOGRAD U MASOVNOM PROTESTU.
Žao mi je što ovo neće prikazati ni jedan medij jer je na snazi apsolutna medijska cenzura. Srećom popularnija sam i praćenija od svih režimskih pevača zajedno tako da SORRY BITCHES…
Šta će mi slava ako sam kao čovek govno?!
Slušam moje srce. pic.twitter.com/GBhWaRVBCu— JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) December 8, 2018