Подгрупата за помирување во Собранието составила нацрт-закон за амнестија за неколку дела од 27 април, објави Алсат.
Според информации на телевизијата, нацртот в понеделник ќе биден разгледан на состанокот на подгрупата, а потоа и од Интерпартиското парламентарно тело за помирување, интеграција и реформи. Со предвидените одредби, обвинетите ќе имаат можност да се произнесат дали ја прифаќаат амнестијата или сакаат врз основа на принципот на пресумпција на невиност да продолжи нивното кривично гонење.
ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA