Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека како да има немир за уставните измени бидејќи се плаши да не се повреди процесот од невниманијата на институциите.
– Сега, да ја кажам вистината. Како да имам еден немир, затоа што ова е еден многу важен процес, се плашам да не се повреди од невниманијата на институциите, да не се создаде јавното мнение дека ова е еден процес кој веќе е затворен и дека е завршен. Овој процес се уште е во развој и треба сите државни институции, законодавни институции, институциите кои ги спроведуваат законите, да бидат внимателни, да го чуваат од некоја надворешна инфламација, затоа што лесно може да се загрози имунитетот на овој процес – одговара тој на прашањето дали очекува да има проблеми при обезбедувањето на двотретинското мнозинство.
Целото интервју можете да го проследите ТУКА.