Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за неговата изјава дека македонскиот народ е искомплексиран, потврдил за Алфа шефот на пратеничката група Никола Мицевски.
Барањето за интерпелација го поднеле вчера пред истекот на работното време.
Во следните 15 дена одговор на барањето за доверба треба да даде шефот на македонската дипломатија Димитров, а потоа за 15 дена и собранискиот спикер Талат Џафери треба да го стави и на пленарна седница.