Иванов побара, Џафери му закажа годишно обраќање на 28 декември

979

Претседателот на државата Ѓорге Иванов упатил барање до претседателот на Собранието Талат Џафери годишното обраќање пред пратениците да биде на 28 декември.

-Почитуван господине Џаефери во согласност со член 45, став 1 од Уставот на Република Македонија, би сакал да се обратам пред пратениците на Собранието на Република Македонија и да ги известам за одредени прашања од моја надлежност.
Ве молам тоа да ми се овозможи на 28 декември 2018 година, петок во 12 часот, пишува во барањето кое Иванов го испратил до Џафери.

Џафери веќе ја закажал пленарната седница за обраќањето на шефот на државата на 28 декември.

Претседателот на Собранието на последниот брифинг со новинарите рече дека Иванов ако не закаже термин можно е да не се обрати во Собранието, бидејќи веќе се планирани неколку пленарни седници до крајот на годината.

Џафери тогаш рече дека како претседател, Иванов нема обврска да се обрати пред пратениците, туку тоа е негово право. Според Џафери, во декември Собранието има планирано три седници, евентуално четири до пет, вклучувајќи и за обраќање на Иванов, доколку побара.

– Ако кабинетот на претседателот на државата на време не испрати барање кога планира да се обрати во Собранието, може за него да нема термин – рече тогаш Џафери.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...