Што ли уште треба да ни се случи за да се разбудиме од ова „бунило“. Од овој длабок „сон“ што не гуши! Што треба уште да ни се случи!? Па зар не беше доволно !? Зар не беше доволно сето она што ни се случи не само во изминативе три децении туку и низ вековите! Ако некогаш други зло ни правеле зошто сега сами си ги „вадиме“ очите!? Зошто? Вистината излезе! Виновниците ја кажаа вистината!? Пропеаа! Разбраа дека оние на кој најмногу им веруваа, ги лажеле. Убаво ги лажеле! Им велеле Државата е во опасност? „Комуњарите“ ја продале. И името и идентитетот и јазикот, се продале.
Македонија повеќе нема име и нема македонски народ. Така им ги „полнеле“ главите само за да не се дознае дека „ја украдоа“ државата, дека треба да поднесат сметка за украедените пари и да не одат во Шутка или Идризово. Кога ножот дојде до коска Главниот побегна. Оние што му веруваа останаа со „прстот во уста“! И тогаш тие вистината ја извадија на „виделина“! Нинџа отворено ја кажа вистината! Дали е вистинска или не останува да каже судот. Таа вистина, кој ги организирал немилите настани на 27 април во Парламентот, ја „потресоа“ Македонија!
Оние, што по наредба на „големите“, пустошеа во Парламентот и што „добија“ задача и да убиваат, ако треба, само за да ја „спасат“ Татковината, пред судот „пропеаа“!Организатор бил ВМРО-ДПМНЕ! Наредбите што ги давале, за спас на Македонија, доаѓале од „белата палата“. А претседателот на државата „дознал“, за немилиот настан, од гласилата и немал „време“ да ги побара Главните за да му кажат што се случува во „жална“ Македонија!? Така изјави!
Од каде толку злоба кај Македонецот кој кренал рака на неговиот брат Македонец! Од каде? Раководството на ВМРО-ДПМНЕ молчи. Мицковски за се и сешто зборува само збор не „изустува“ за она што го кажа Нинџа и другите кои во судот ја кажаа вистината. Уште колку вистини ќе излезат на виделина? Македонија ќе почне ли да мисли како да ја победи сиромаштијата, како да го дотрасираат патот за влез во НАТО и ЕУ и како да ја извади Татковината од калта или и понатаму сите ќе водат „политика“!?
Навистина, што уште треба да ни се случи за да излеземе од ова проклето „бунило“!? Штрајковите, блокадите, омразите ништо добро нема да ни донесат. Доста беа кавги. Време е да се фати подадената рака не за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ туку за Македонија!