Насилно отстранети столбчињата кај „Војдан Чернодрински“

768

Насилно се отстранети заштитните столпчиња, долж тротоарот, кај основното училиште „Војдан Чернодрински”, во урбаната заедница Владо Тасевски, соопшти Општина Карпош.

– Овие столпчиња се поставија по барања на повеќе заедници на сопственици – граѓани, од различни згради од овој дел на Карпош, со цел тротоарите да бидат безбедни и слободни за движење за најмладите. Повикуваме уште еднаш, да престане свесното уништување на урбаната опрема, со што се прави директна штета за населбите, но и на Буџетот на Општина Карпош, стои во соопштението.

Од таму додаваат дека во изминатиот период, на територија на Карпош се уништени новиот летниковец во Влае, реквизити на детското игралиште во Тафталиџе 2, новопоставени корпи за отпадоци и клупи во Карпош 3 и Карпош 4. Од Општината велат дека ќе ги казнат насилниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...