Нивото на Охридското Езеро три сантиметри над максимумот

Во однос на просекот за март зголемен е водостојот на Вардар кај Јегуновце, Зајчев Рид, Велес и кај Демир Капија.

108

Нивото на Охридско Езеро е три сантиметри над дозволениот максимален водостој, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во однос на просекот за март зголемен е водостојот на Вардар кај Јегуновце, Зајчев Рид, Велес и кај Демир Капија. Речиси двојно повисок водостој споредено со просекот за март има Треска кај Македонски Брод и Пчиња кај Катлановска Бања, а зголемен водостој имаат и Брегалница кај Штип и Датеска кај Ботун.

Во рамки на просекот се нивоата на Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и Црн Дрим кај Ложани. Понизок водостој е измерен само кај Црна Река кај Новаци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...