Како да му веруваме на Иванов?

Иванов  конечно најде некого, по бегствоти на Груевски и по апсењето на Мијалков, на кого ќе му ја товари сета вина за 27-ми април

4966

Иванов му е венчан кум на Синиша Алексовски, неговиот советник за национална безбедност, кој беше негов студент на политички науки во 2001 година, кога тој Синиша, беше дел од единицата лавови на Љубе Бошковски.

Иванов  денес настапува со тезата Армијата тоа сум јас. А Aрмијата и пред НАТО (како и Иванов) има углед кој никој не смее да го доведува во прашање.

Иванов денес тврди, откако Мијалков е во затвор, а Груевски во бегство, дека тој отсекогаш укажувал дека УБК е изворот на сите проблеми и нестабилности во Македонија.

Иванов  конечно најде некого, по бегствотo на Груевски и по апсењето на Мијалков, на кого ќе му ја товари сета вина за 27-ми април, но веројатно и за политичкото и пропагандно подготвување на тоа насилство со сопствената хистерија против “Тиранската платформа” и недавањето на мандатот за состав на нова влада.

За својата невиност бара докази и од сите странски амбасадори.

Никогаш немал намера да воведува ниту воена ниту вонредна состојба во Македонија бидејќи не постоеле услови за тоа.

А кога ја образложуваше причината за амнестијата нѐ извести дека решил да не ја користи армијата за средување на внатрешните состојби во земјата затоа што тогаш било поважно таа да ги чува границите од напливот на бегалците.

Затоа, да почекаме Иванов да се договори со себе си за тоа кога ја кажува вистината. И додека не се понудат нови докази, покрај се што видовме, за неговата лична инволвираност во сите обиди за  спречување на мирната промена на власта во Македонија.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...