Светна елката на скопскиот плоштад

979

На скопскиот плоштад вечерва блесна новогодишната елка, распеана со божикни песни што ги пееја 120 средношколци. А главниот град доби од денеска уште една населба – новогодишниот Винтерленд на плоштадот Македонија.

Скопјанчиња, заедно со децата од другите градови, ќе може да уживаат во украсените куќички, каде има катчиња за игра и смеа, мечтаејќи што ќе им донесе Дедо Мраз на 1. јануари в година.

Оние кои ќе добијат лизгалки за подарок, ќе може да пробаат колку се вешти на мраз на лизгалиштето во населбата.

Уживајте!

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...