Кабинетот на претседателот на Република Македонија ги демантира наводите во колумната „Мува не нè лази!“ на Сашо Орданоски, во која се тврди дека од страна на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, не е упатено писмо со сочувство по повод смртта на поранешниот претседател на САД, Џорџ Х. В. Буш.
„Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на 1 декември 2018 година упати писмо со сочувство до Џорџ В. Буш, поранешен претседател на Соединетите Американски Држави, по повод смртта на неговиот татко, Џорџ Х. В. Буш, поранешен претседател на Соединетите Американски Држави. Текстот на писмото е објавен на веб-страницата на Претседателот на Република Македонија“, наведува Кабинетот.
ФОТО: EPA/NAKE BATEV