Министрите на ДУИ денеска ќе му даваат отчет на Ахмети

Тие што нема да добијат „пас“ од Ахмети ќе бидат сменети при реконструкцијата на Владата која премиерот Заев ја најави за напролет.

421

Лидерот на ДУИ Али Ахмети и централното претседателство денеска ќе ја „чешлаат“ работата на владините функционери од своите редови. Како што веќе објави Плусинфо, од оцената на Ахмети и членовите на ЦП за сработеното на министрите ќе зависи дали тие и натаму ќе бидат дел од Владата на премиерот Зоран Заев или ќе бидат сменети.

Ова значи дека вицепремиерите Хазби Лика и Бујар Османи, министрите Билен Салији, Садула Дураку… замениците министри, државни секретари и директори, буквално ќе имаат интерпелации пред партискиот лидер и пред членовите на централното претседателство.

Состанокот на ЦП е закажан за 14 часот во седиштето на ДУИ во Мала Речица.

Предвидено е прво да има рекапитулар на Ахмети за дејствувањето на партијата. По ова, секој од владините функционери на ДУИ, ќе даде отчет пред членовите на централното претседателство кои заедно со лидерот ќе ја анализираат нивната досегашна работа. Тие што нема да добијат „пас“ од Ахмети ќе бидат сменети при реконструкцијата на Владата која премиерот Заев ја најави за напролет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...