Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од Христијан Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук за наводни упади во домови на активисти на ВМРО-ДПМНЕ поради, како што вели, нивното незадоволство од она што се случува во државата, соопшти МВР.
– Полицијата, по смената на раководството во 2017 година, работи професионално и само и исклучиво врз основа на законите. Согласно законските надлежности се преземаат различни акции, но ниту една не е мотивирана од политички мотиви туку исклучиво за санкционирање на одредено криминално делување, со цел подобрување на безбедноста на граѓаните. На тој начин полицијата ќе продолжи да работи и во наредниот период, се со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно, стои во соопштението на МВР.
Мицкоски преку Фејсбук обвини дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со како што вели политички контролиран дел од полицијата, минатата недела упаднале во домови на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ