Од Кремљ до Белата куќа, од Ватикан до Даунинг Стрит, во Пекинг и во целиот свет, веројатно сум единствениот европски лидер што секаде оди без вратоврска, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за руската емисија „Формула од Пауер“, во однос на неговиот избор да биде политичар без вратоврска.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкиот премиер објаснува дека го одржал ветувањето дека ќе стави вратоврска на обраќањето откако земјата постигна договор со ЕУ за прашањето за долгот.
– Истиот ден и за време на истиот говор, ја извадив, велејќи дека за мене ова е работна облека. Успеав да бидам, можеби единствениот европски лидер што влегов на најважните форуми и во најзначајните седишта на владите, од Кремљ до Белата куќа и од Ватикан до Даунинг Стрит и во целиот свет, и во Пекинг и секаде, без вратоврска. Според тоа, мислам дека ова е едно достигнување – вели грчкиот премиер.