Првата ѕвезда на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс влезе во вербална пресметка со тренерот на тимот Тајрон Лу за време на натпреварот со Портланд одигран ноќеска на гостински терен.
Портланд победи со 113:105, а инцидентот меѓи Леброн и тренерот се случи по серијата неуспешни акции на Леброн и неговата преселба на клупата за резерви. Џејмс жестоко реагираше упатувајќи директни замерки на Лу.
Тој постигна 35 поени и направи 14 скокови со шест асистенции, но и тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот.
До крајот на лигашкиот дел Кливленд го очекува тешка борба за четвртата позиција на Истокот која обезбедува предност на домашен терен во 1.коло од НБА плеј-офот.
ФОТО: EPA/CJ GUNTHER