Димитров: Најголемата штета од нерешавањето на спорот со Грција е врз нас

367

Кој ја трпи најголемата штета од нерешавањето на спорот со Грција? Ниту САД, ниту Русија, ниту Европа, ниту Германија, ниту, пак, Грција. Штетата е врз нас, истакна министеротза надворешни работи Никола Димитровна денешната трета јавна дебата за четирите нацрт-амандмани на Уставот во согласност со Договорот од Преспа што се одржува во Македонската академијана науките и уметностите (МАНУ).

Димитров посочи декание не сме членки на НАТО, многу често пред нас стои ПЈРМ, никаде не стои македонски јазик… Ние имаме најголем интерес да се заврши ова прашање, истакна тој пред академиците.

Со решавање на ова прашање, рече тој, „сакаме да го затвориме поглавјето на идентитетските прашања, НАТО и ЕУ”.

– Тоа се трите целикои сакаме да ги постигнеме – речеДимитров.

Посочи на одредени предлози кои би можеле да станат дел од уставните измени и за кои би сакал даслушне мислење на дебатата.

Академикот Таки Фити кажа дека договорот ги зајакнува и зацврстува идентитетските прашања и оти со него се решава едно исторископрашање. Треба да се земат предвид, според него сите придобивки од ова решение и овој спор, посочувајќи на евроинтеграциите, но и на економските бенефити.

Повтори дел од веќе изнесените заклучоци од неодамнешната научна дебата во Академијата меѓу кои и дека ќе треба да се изнајде решение за имињата на некои од институциите. Фити, сепак, рече и дека во МАНУ нема едногласие по овие прашања, но и дека тоа е легитимно и кредибилно доколку се понуди алтернативно решение.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи рече дека Преспанскиот договор е историски договор постигнат во, како што кажа, една историска година за нас и дека тој ќе тргне еден голем камен што се провлекуваше со години. Укажа на позитивните аспектиод влезот во НАТО и ЕУ, но и на ризиците. Младите нема да останат тука доколкуне можат да ја планираат иднината, рече тој посочувајќи притоа и на безбедносните но и економските ризици. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...