Кога се сеќавам на моето детство, чувствувам среќа и мислам дека тоа е најголемото богатство што го имам во мене. Афективна приврзаност – што е тоа?
Мислам дека оваа мисла тлее во мене со години, пораснав со еден родител кој ме опсипуваше со грижа и љубов и со кој создадов неразделен однос што е со ист интензитет денес, кога сум возрасна личност. Тука секогаш беа и моите дедо и баба, како и мојата тетка и тетин и нивните деца. Тоа е љубов која никогаш не можев да ја објаснам само со зборови, тоа е љубов за која не беше доволна ниту мојата гестикулација, тоа е љубовта заради која сум јас ваква каква што сум.
А што е всушност тоа?
Тоа е афективна приврзаност помеѓу родителот (старателот) и детето, тоа е мојата безбедна основа. Поради љубовта што денес ја чувствувам кон нив, сакам да ги споделам моите сознанија од областа на афективната приврзаност со сите родители и ако можам да им помогнам во најодговорната улога што ја добиваме како возрасни, а тоа е улогата на родителите.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.
Фото:Pixabey