Деветгодишно дете од градот Севернас, во американската сојузна држава Колорадо, успеа да го „омекне“ градскиот совет и тој укина речиси стогодишна забрана за мавање со снежни топки.
Дејн Бест објасни дека им се обратил на градските власти за да ги убеди да се вразумат и да го сменат законот, јавија локалните медиуми.
– Денешните деца мора да имаат добра причина за да излезат и да играат надвор – рече Бест.
Тој го кажа ова на состанокот на градскиот совет.
– Истражувањата велат дека недостигот на игри на отворено доведува до дебелина, АДХД (синдром на недостаток на внимание и хиперактивност), анксиозност и депресија – истакна деветгодишникот објаснувајќи дека „сака да фрла снежни топки без да го прекрши законот“.
Речиси стогодишната забрана за фрлање камења или проектили, која, за жал, се однесувала и на снежни топки во градот од 4.000 жители, е застарена и значи дека секое дете што фрла снежна топка го крши законот.
– Децата на Северанс само сакаат да имаат право да се маваат со снежни топки како и сите други деца во светот – рече Дејн.
Неговите аргументи беа убедливи, па Градскиот совет едногласно ја укина забраната. По гласањето, градоначалникот му понудил на Дејн тој да ја фрли првата снежна топка – според закон.
Детето рече дека неговата омилена цел ќе биде неговиот помал брат и оти ќе даде се од себе да не скрши некој прозорец.