Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вчерашната посета на Општинскиот комитет во Кисела Вода се огласи критикувајќи го правусудниот систем при што наведува дека лажно се надеваат дека со нарачани сведоци ќе ги укинат како партија.
„Живееме во време каде власта го прислушкува обвинителство и судство, каде имаме нарачани пресуди во духот на „Кацарска судството“, нарачани обвиненија во стилот на „Русковска обвинителството“, а од поново цреме и нарачани сведоци кои треба да го компромитираат ВМРО-ДПМНЕ, и така мислат дека ќе нѐ укинат како партија, и така лажно се надеваат дека помалку ќе се збори за нивниот криминал и нивниот срам со изневерените очекувања и лажните ветувања. Така мислат ќе биде и помал оној столетен срам и болка која и ја нанесуваат на овој народ со промената на името и Уставот на земјата“, посочува Мицкоски.
Но, наведува тој, нема прогон, нема притисок кој може да го покрие она што станува заштитен знак за оваа влада – црнилата.
„Црнила преку промена на името, црнила преку уништената економија, ценила преку покачените даноци и корупцијата која цвета“, наведува лидерот на опозицијата.