Кевин Харт поради контроверзни твитови нема да ги води Оскарите

606
ФОТО: EPA / CLEMENS BILAN

Кевин Харт поради контроверзни твитови нема да ги води Оскарите, пренесува „Е! News“.

– Добив повик од Академијата. Буквално ми беше кажано „Кевин, извини се за твоите твитови или ќе најдеме некој друг кој ќе ги води Оскарите“. Ова не е прв пат тоа да се појави во јавноста, зборував и во минатото за тоа. Кажав што сум направил правилно, а што сум згрешил – изјавил тој на Инстаграм, прво одбивајќи да се извини.

Потоа тој се огласил на Твитер и кажал дека нема да ги води Оскарите.

– Ова е мојата одлука. Се одлучив за ова бидејќи не сакам да бидам дистракција во ноќ која треба да биде специјална со толку прекрасни и талентирани луѓе. Искрено им се извинувам на сите припадници на ЛГБТИ заедницата поради моите нечувствителни зборови од минатото. Жал ми е што повредив луѓе. Сакам да се изградам себеси во нова личност. Мојата цел е да ги зближам луѓето, а не да ги оддалечувам – напишал тој.

Пред само неколку дена беше објавено неговото име дека ќе ја води церемонијата на Еј-Би-Си на 24 февруари.

ФОТО: EPA / CLEMENS BILAN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...