Осуден на 8 години затвор оти избодел човек поради одолговлекување на ред на бензинска (ВИДЕО)

250

Британец е осуден на 8 години затвор бидејќи нападнал човек поради одолговлекување на ред на бензинска, пренесува „Курир.рс“.

Камерите на бензинската станица го фатиле моментот во кој 26-годишникот го избодел човекот во врат, пред очите на полицајката Ким Велдон. Таа веднаш го уапсила напаѓачот.

– Тоа беше тотално неиспровоциран напад на невин човек. Тој не згреши ништо – изјавила Велдон.

Таа додала дека осудениот бил нервозен поради чекањето и мислел дека нападнатиот е виновен за тоа. Нападнатиот имал среќа, а судот покажал дека ваквите случаи ги сфаќа сериозно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...