Цената на лебот се покачува, ќе „умре“ ли Македонецот !?

480

Гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата за покачувањето на цената на лебот. Рече дека недомаќински работела!. Демек затоа Господ „наредил“ сушна година да биде и пченицата да не роди. Рече и дека цената најмногу ќе ги погоделa сиромасите. Ако јаделе по еден, сега ќе мораат да се задоволат со половина леб.

Значи СДСМ и Владата се „криви“ што еве годинава и Господ крена раце од оваа наша Македонија! Капка дожд не пушти!. И она малку што беше посеано ни до „колена“ не порасна. Комбајните неможеа да го ожнеат. Од ВМРО-ДПМНЕ заборавија или пак на „тошо“ се направија не кажаа дека плодните ниви, на кој „камен да фрлиш ќе роди“ во Овчеполието, Пелагонија, Полог и каде ли уште не, „газдите“ не ги посеаа, арно ама субвенции зедоа. Не е важно што нивите беа непосеани, важно за ВМРО-ДПМНЕ е дека „комуњарите“ недомаќински работеле. И сега лебот поскапува. Со новата цена Македонија ќе остане ли без леб и ќе „умре“ ли народецов?

Велат не е важно тоа што земјата што, со векови, ја „ранеше“ Македонија, остана непосеана. И што државните пари отидоа во нечии џебови. Важно е дека Владата не само што недомаќински работела туку и во Господа не верувала! Комуњари. А од комуњари што може да се очекува. Сиромаштија. Зголемени цени на лебот. Ако останеле тие на власт лебот немало да се покачи!? „Мед и млеко ќе течело!“. Затоа „комуњарите“ севишниот ги казнил. Гласноговорник, како гласноговорник. „Ломоти“ ли „ломоти“. Што ќе му речат „чаушите“ тоа и ќе го „испее!“.

Од Владата велат дека не само Господ што не „пушти“ дожд во Македонија, туку капка не дал ниту во Србија, ниту во Бугарија, Албанија, Романија. Белким сите тие не биле против Господа? И нивните ниви не родија. Србите да ни ја покачат цената на пченицата! Ако била превисока, Владата ќе ги дала резервите само за да има „мир“. Ама тоа не е доста за ВМРО-ДПМНЕ. Бараат повеќе. Баш да им е „гајле“ за народот. Тие бараат оставка од Владата. А што уште ќе бараат?

ВМРО-ДПМНЕ за „големо“ чудо ниту збор не кажуваат за оние на кој им се суди за влегувањето во Парламентот. За оние кои беа „измамени“ не од друг туку од ВМРО-ДПМНЕ!. Тие пропеаа особено кога „вождот“ избега со полна торба украдени пари и кој ги остави и нив и Македонија. Видоа колку е саатот па отворено кажаа дека токму ВМРО-ДПМНЕ бил „главниот“ што сакал да ја „сруши“ Државата и повторно да се вратат на влас. Но, за Мицковски и „тајфата“ тоа за не е важно. Важна е цената на лебот и „народецот“ македонски да не остане „гладен“!.

Гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ и на другите партии и понатаму ќе „плукаат“. Нема да запрат. До кога, никој не знае… Наместо за доброто на Македонија да работат, „сеат“ само омраза. Но, сепак, навистина неправедни би биле ако не кажеме дали навистина мораше токму сега да се покачи цената на лебот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...