Владата апсеше градоначалник од своите редови кога имаше комплетни докази за криминал. Откако се појави сомнеж за транспарентноста и кредибилитетот на првиот инвестициски бран на Фондот за иновации и технолошки развој, беше воведен протокол за постапување при проценка на ризик за компании апликанти од аспект на поврзаност со носители на јавни функции и нивно влијание и сите се повлекоа од етички аспект – рече Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, денеска на Конференција посветена на антикорупциските процеси и проекти на Владата, институциите и граѓанското општество „За општество ослободено од корупција“. Организатори се Цивил и Зелена Лупа.
Заев нагласи дека политичките партии го зголемија државното финансирање за да не бидат повеќе зависни од бизнисмените кои им помагаат при нивното редовно функционирање или при кампања, а после им бараат одредени услуги што многу често се сведува на корупција, информираа од Владата.
– Еднакво внимание, во широката рамка законски прописи, кои се во завршна фаза, посветивме и на препознавањето и санкционирањето на непрофесионалното и пристрасно однесување од страна на судската власт. Во овој процес постојано го имавме предвид и огромното значење на правилното функционирање на судскиот систем и ефикасната борба против корупцијата, но и почитувањето на човековите права. Во закон и во пракса – рече премиерот Заев.
Тој додаде дека Европската унија става силен става силен акцент на судството во претпристапниот и пристапниот процес, на начин што преговорите за полноправно членство започнуваат и завршуваат токму со поглавјето 23 Правосудство и фундаментални права.
Премиерот Заев соопшти дека Владата го усвои Предлог законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, во кој се уредуваат мерките и активностите за спречување на корупцијата, но и мерките и активностите за спречување на судирот на интереси за кои е надлежна ДКСК во кој се адресирани препораките од Европската комисија, извештајот на Прибе и извештајот на ГРЕКО кои се однесуваат на законската рамка и во чија изработката беа вклучени експерти, претставници на невладините организации и претставници на институции.
– Со овој закон, се воведува транспарентна постапка за избор и именување на претседателот и членовите на ДКСК и се зајакнуваат условите за избор и именување. Предлогот е да се спроведува на интервју со кандидатите кое ќе го врши Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, при што прашања можат да поставуваат и претставници на граѓански организации, и здруженијата на новинари. Интервјуто ќе биде јавно и ќе се пренесува на Собранискиот ТВ канал – рече премиерот Заев.
Во однос на досегашните активности кои се спроведуваат премиерот посочи дека имаме видливи резултатите од имплементацијата на концептот за Отворена и транспарентна влада, односно „Според индексот на отвореност, Владата на РМ како централно извршно тело е на прво место во регионот со 76% исполнување на индикаторите“, утврди истражувањето за „Отвореност на институциите на извршната власт во Југоисточна Европа и во Македонија“.
– Воведовме алатка за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции. Jавноста доби увид за трошењето на функционерите. Сега премиерот и министрите прават три пати помалку трошоци за непродуктивни активности. Ја менуваме перцепцијата во јавноста во насока дека постои политичка волја и подготвеност на Владата за справување со корупцијата во Македонија. Тоа го покажавме во повеќе случаи кога во јавноста беа покренати сомневања за судир на интереси или несовесно работење. Тоа го покажавме во повеќе случаеви кога во јавноста беа покренати сомневања за судир на интереси или несовесно работење. Знаевме да се повлечеме, знаевме да го слушнеме крикот на јавноста, но чесно е да кажеме дека во последните 12 месеци имаме заштедено повеќе од 100 милиони евра само заради транспарентност на постапките при јавните набавки – рече премиерот Заев.
Како конкретни активности што Владата ги презема во оваа насока ги наведе разрешувањето на претходниот директор на Агенцијата за туризам со образложение за несовесно и невнимателно работење, разрешувањето на директорот на Бирото за јавна безбедност, чиј службен автомобил беше забележан во странска држава.
На конференцијата свои воведни обраќања имаа Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, генералниот секретар на Државната комисија за спречување на корупција, Розета Трајан, универзитетската професорка и експертка за човекови права, Мирјана Најчевска, претседателот на Цивил, Џабир Дерала и претседателот на здружението Зелена лупа, Ване Цветанов.