Бришкоска : Вчудовидена сум од невистинитиот исказ на Василевски

2605

Eкс-заменичката на министерот за правда, Билјана Бришкоска Бошковски, за „Макфакс“ го негира исказот на обвинетиот Александар Василевски Нинџа, кој го даде на денешното судење за настаните од 27 април. Таа не одговори на телефонскиот повик, но испрати порака со следната содржина:

„Во врска со наводите пренесени во медиумите од сведочењето на обвинетото лице, Александар Василевски, можам само да изјавам дека сум запрепастена од невистинитоста на исказот на сведокот кој се однесува на мене и целосно го отфрлам како неточен“.

Повеќе на линкот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...