Адвокатите едногласни против измените на Законот за нотаријат

968

Адвокатската комора на Република Македонија (АКРМ) утре, написмено, ќе го добие барањето од голем број свои членови – адвокати од адвокатски заедници од повеќе градови, кои денеска на својот втор собир во рок од седум дена, кој се одржа во просториите на Правниот факултет во Скопје, одлучија Комората да ја извести Владата дека владините предлог-измени на Законот за нотаријат, за нив се неприфатливи од причини што истите не се ниту во насока на правната сигурност, ниту се за намалување на трошоците на граѓаните и фирмите.

Комората доби овластување да ја извести Владата на Македонија дека ако се стопира правната постапка на Предлог – законот и се слушнат и уважат барањата на адвокатите нема да биде активирана правната блокада на целата држава. Односно, доколку Владата не го слушне и уважи барањето на адвокатите, тогаш тие ќе ја активираат резервната мерка и ќе стапат во штрајк.

Адвокатите како никогаш до сега не биле толку сплотени кон оваа нивна битка, која веруваат дека ќе ја добијат.

Објавено во Судство

Адвокатите едногласни против измените на Законот за нотаријат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...