„Брилијант“ се враќа на пазарот

Фабриката работи со суровини увезени од Бугарија и Србија, но како што рече Наумоски, се прават напори заедно со „Благој Ѓорев“ и Владата за потикнување на домашно производство на сончоглед. 

836

По успешното преземање „Витаминка“ го врати на рафтовите во продавниците и во домовите, маслото за јадење „Брилијант“, рече Сашо Наумоски, генерален директор на „Витаминка“, на денешната средба со новинарите во штипската фабрика за масло „Брилијант“.

Тој најави дека во план е да се врати брендот „Брилијант“ и на пазарот во Албанија, Србија, а посебно во Косово, каде што моментно се отворени големи можности за брендот.

– „Брилијант“ се произведува во високо технолошки процес и високи стандарди за квалитет од суровина до готов производ. Моментално фабриката работи со капацитет од 40 отсто, а наша определба е да го постигнеме оптималното ниво од 60 до 70 отсто – рече Наумоски.

Капацитетот на производство на фабриката е дневно производство од 150 тони, а сега работи со дневно производство од 100 тони.

Фабриката работи со суровини увезени од Бугарија и од Србија, но како што рече Наумоски, се прават напори заедно со „Благој Ѓорев“ и Владата за поттикнување на домашно производство на сончоглед.

– Двете фабрики би го откупиле целото производство а Владата би требало да ги поттикне производителите со субвенции – рече Наумоски.

Производството во фабриката е целосно автоматизирано и го надгледуваат 70 вработени. Фабриката имаа сопствена лабораторија за контрола на квалитетот, а во производството се користи гасот како енергенс. Отпадните води од производството целосно се прочистуваат и се враќаат во природата чисти.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...