Тригодишната британска принцеза Шарлота побарала да оди во тоалет, а Кејт како секоја мајка, ја фатила за рака и влегле во првиот паб, пренесува „Курир.рс“.
Жена детектив од кралското обезбедување, успеала само на брзина да влезе и да го провери тоалетот, кој се наоѓал во источен Лондон.
Локалците кои се нашле таму биле изненадени од ситуацијата.
– Видовме дека кралското семејство е како секое друго. Кога детето ќе побара да оди во тоалет, мора да се оди во тоалет! – рекол еден од гостите.
ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA