МПЦ: Имаме потреба од земни блага и треба да се грижиме за довереното од Бога

2662
20150705 Sunday 1840 Skopje Hram sv.konstantin i elena crkva nova arm Liturgija sv konstantin i elena gospodin gospodin stefan neosvetena crkva

Македонската православна црква (МПЦ) е институција со најдолговековна традиција на постоење на овие простори. Тоа придонело Црквата да поседува свој имот со чие управување не се нарушени ниту црковните каноните, ниту, пак, Божјите заповеди, а е во согласност со државните закони. МПЦ има потреба од грижа и негување на земни блага за добробит на својата структура, па од таа причина таа е повикана, имотот кој го поседува, домаќински да го стопанисува, а преку тоа да може да ја извршува својата мисија и исконска примарна задача за доброто на својот верен македонски народ.

Ова се наведува во соопштението од Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архипиекопија во врска со, како што се наведува, интересот кај медиумите во однос на МПЦ, а поконкретно со правото на сопственост и поседување на црковен имот.

„Уште од најрани времиња, од апостолско време па до денес, луѓето кои ја сочинувале и управувале со Црквата, располагале со имоти кои биле користени за добробит на заедницата. Црквата е возглавена од Богочовекот Христос, но неа ја сочинуваат луѓе – верен народ, свештенство, монаштво и епископство. Како и секој човек што има потреба, а и долг кон Божјото создание (Бит. 1, 26-27), да се грижи за својата душа и тело, кое е храм на душата, така и ние како Богочовечки организам сме повикани да се грижиме за одржување на довереното од Бога, онака како што постапил верниот слуга кон својот господар и ги умножил талантите (Мат. 25, 14-28)“, стои во соопштението од САС на МПЦ-ОА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...