Обвинетиот за 27 април, Александар Василевски Нинџа, пред да биде уапсен одреден период беше недостапен за органите на прогонот, а денеска давајќи ја својата одбрана посочи дека сака да му појасни на судот нешто околу тоа.
– Имав притисоци од Горан Грујевски да не се предавам бидејќи јас сум бил мостот. Потоа јас во консултација со мојот адвокатски тим, самиот се предадов – појасни Нинџа.
Инаку, Нинџа во неговото денешното сведочење посочи дека во 2015 година бил ангажиран од УБК, конкретно од началникот на Петтата управа Горан Грујевски кога Зоран Заев почнал да ги објавува бомбите.
Кога станува збор за тоа што се случувало на критичниот ден – 27 април, Нинџа во неговиот исказ пред судот директно со име и презиме посочи лица вклучени во координацијата на настаните од критичниот ден наведувајќи дека „На 8. кат во Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ се координираше 27 април“.