Почина најстарата јутуберка во светот

136

Почина една од најстарите јутуберки, сто и седум годишната Мастанама од јужна Индија јавува Би-би-си.

На платформата „Јутуб“ таа се прослави со своите кулинарски вештини, најчесто готвејќи локални и необични јадење, почнувајќи од нула.

Нејзиниот канал „Кантри фудс“ има повеќе од милион претплатници, а најпознатото и најгледано видео е кокошка со лубеница.

Управуван од нејзиниот внук и неговите пријатели, „Кантри фудс“ беше направен во 2016 година и веднаш стана популарен. Многу често, во своите видеа, таа стои и готви на сред поле во далечно село во Индија, со минимална опрема за готвење. Најчесто ги користела своите прсти и нокти за лупење зеленчук како и стар индиски нож за сечење. Храната била сервирана на традиционален јужно-индиски лист од банана.

Во интервју за Би-би-си таа изјавила дека е родена во село во Индија во државата Андхра Прадеш и дека верува дека има сто и шест години, но не била сигурна бидејќи нема извод на родени.

Веста за нејзината смрт на социјалните медиуми се рашири со голема брзина и многу од нејзините фанови ги поставуваа нејзините рецепти на социјалните медеиуми, со цел да и одадат почит.

Фановите ја препознаваа како бабичката без заби, а нејзниот рецепт за локлна риба со кари, модар патлиџан и луто е меѓу најпознатите рецепти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...