Заменик градоначалникот на Бор си поднесе оставка откако испливаа слики како бакнува малолетничка

4552

Скандал го стресе заменик градоначалникот на Бор, Бранко Периќ, кога на Фејсбук се појавија фотографии на кои во уста бакнува 15-годишничка, пренесува „Курир.рс“.

Шеесетгодишникот веднаш поднел оставка по скандалозните фотографии на социјалните мрежи, а сликите се тргнати иако ги виделе голем број луѓе, па ги споделуваат на интернет.

Тој рекол дека само „сакал да и честита на доброто работење, а се поздравил и со останатите девојки на ист начин“.

Во целиот случај се вмешала и полицијата.

– Девојката негираше дека имала било каков однос со него. Меѓутоа, изгледаше како да е припремена и однапред знаеше што да каже – рекол извор.

ФОТО: Принтскрин / Фејсбук / Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...